Старо и ново во Хамбург, Германија. Новоградба со стаклена фасада и зграда во стилот на историзмот .
Денес, архитектите воопшто не се
стегаат да користат помали или поголеми делови од големиот фундус на историјата
на архитектурата. Тезата е дека се шири
еден нов историзам. Тоа не е теза на Скопје 2014. И станува збор за историзам кој
треба да се разликува од историзмот на 19 век. Не мора да се мачите да барате
значења - европеизација, антиквизација, буржоазија, апсолутизам. Ако се обидете да барате
значења пак влегувате во стапицата на еднолинеарното мислење или разбирање на
времето. Но, од друга страна, не можете во новиот историзам да барате ниту постмодерна деконструкција или иронија.
