Кој е модернистичкиот идиом:
МОДЕРНИЗМОТ Е „неизбежен логичен производ на интелектуалната, општествената и техничката состојба на нашето време“. А тоа е модернизмот.
Сѐ што не е израз на нашето време се напаѓа. Фактички никој нема право на избор. Зашто, модернизмот го дефинира нашето време.
Затоа, единствениот „избор“ е меѓу наводната вистина која ја имаат модернистите и наводната лажност на немодернистите.
Модернистичкото образование ги затвори студентите и професорите во една стилистичка конвенција без да бидат свесни за тоа.
Модернизмот смета дека тој по себе е решение. Да го прашаш модернистот што доаѓа после модернизмот само ќе го изнервираш со својата глупост. Тоа ти е исто како да прашаш комунист што доаѓа после комунизмот.





